|
Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја.
Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето.
Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех, тројцата починале од силните морски струи.
Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но безуспешно. Телата се предадени на обдукција.