Тинејџер почина откако му се слошило додека бил на базен во Карпош

|

Тинејџер од скопско вчера попладне почина откако му се слошило додела бил на базен во Карпош. Случајот е пријавен во полицијата вчера во 18.35 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза” .

Во пријавата, како што соопшти полицијата, било наведено дека на момчето од скопско е донесено на клиниките откако му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош. Извршен му се обиди за реанимација по што му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.