Градоначалничката Данела Арсовска предмалку на Фејсбук соопшти дека е нормализирана состојбата во „Комунална хигиена“ и дека работниците од претпријатието веќе го чистат градот.
– Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.
Скопје се чисти, екипите на „Комунална хигиена“ – Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана.
Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани.
Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор – соопшти Арсовска.
Таа сподели и фотографии на кои се гледаат испразнети контејнери и комуналци кои ги чистат јавните површини.