Месечината ги претставува нашите емоции, а Јарецот е сè освен емотивен. Тој е трезен и ладен. Така, за време на полната Месечина во Јарец имаме можност да ги решиме проблемите кои ни предизвикуваат емоционална нестабилност. Затоа, да размислиме кој или што е тоа што нè прави лути, тажни или под стрес. Можеби тоа е ситуација на работа или во семејството, или некоја личност нè прави емоционално неурамнотежени.
Јарецот е последниот земјен знак, па затоа претставува остварување и постигнување цел на материјално ниво. Бидејќи без заземјување, нашата цел би останала само идеја или имагинација, а за да го постигнеме она што го сакаме, потребни ни се цврста материја и земја.
Значи, Јарецот е тој што ја претставува материјализацијата на сите наши желби. Таквото заземјување бара одговорност, посветеност, организација, напорна работа, а сите овие карактеристики се поврзани со знакот Јарец. Секако, би било идеално да не се работи само за материјални достигнувања, туку тоа богатство да се манифестира и преку богатството на духот.
Јарецот е многу реален знак, но во него има многу стравови и песимизам. Па, може да нè совладаат стравови поврзани со светската криза и сиромаштија… Не смееме да им се предадеме на стравовите и таквите мисли, бидејќи она што ни е во главата е она што се случува во нашиот реален свет. Можеме да фантазираме за среќа и убави работи, но сè додека во главата има страв, осуда, незадоволство, гнев, омраза, нашите желби нема да се остварат.