|
Грчката полиција во неделата околу 20 часот го скршила прозорецот на паркиран автомобил на Крит за да извади бебе чии родители го оставиле заклучено, пишува Greekcitytimes.
Детето, кое било изложено на ризик од топлотен удар, плачело во автомобил паркиран во градот Ханија. По некое време до автомобилот стигнале и родителите кои со второто дете излегле на прошетка и разгледување.
Како што јавуваат грчките медиуми, се работи за брачен пар од Јапонија, кои биле приведени во полициска станица поради изложување на дете на опасност.