По Босна и Србија ја стресе земјотрес – Се слушал татнеш како од бомба

|

Земјотрес со јачкма од 3.8 степени по Рихтер ја стресе и Србија предмалку, односно во часот и минути по локално време.

Епицентарот на земјотресот беше на 12 километри југоисточно од Крагуевац или на 98 километри северозападно од Ниш.
Истиот е забележан на 2 километри длабочина.

Според она што го пријавуваат граѓаните земјотресот траел кратко на бил прилично силен, а исто така и бил придружен од татнеш сличен како бомба.

Нешто претходн, исто така земјотрес со јачина од 4.2 степени по Рихтер ја стресе и Босна и Херцеговина попладнево во 18 часот и 28 минити по локално време.

Епицентарот на овој земјотрес беше на 32 километри југозападно од Мостар и на длабочина од 23.4 километри.

Според она што го пријавуваат граѓаните кои биле во близина на земјотресот, истиот исто така бил прилично јак и бил придружен од звук пред да се затресе земјата.