Кристијан Станковски кој на јавноста и е попознат како Бомбакис неодамна стапна на “лудиот камен”. Момчето кое преку своите пораки испишани на картони, шири позитива и ја размрдува јавната сцена во земјава, денес соопшти уште една многу убава работа која му се случува, кога е неговиот приватен живот во прашање.
Имено, тој и неговата прекрасна избраничка Вики, го очекуваат своето прво дете. Бомбакис во негов стил на социјалните мрежи ја покажа ехо снимката од нероденото бебе, со натпис дека тоа е најдоброот картон што некогаш го држел во животот.
“Најдобриот “картон” што сум го држел во животов! Најдоброто нешто што ми се случило во животов! После сите турбуленции, фала ти Господе! Фала ти Вики што си ми најголема поддршка у животов!”, напиша тој под фотографиите.
Тој исто така објави и една преслатка свадбена фотографија на која тој го бакнува бремениот стомак на неговата сопруга, а честитки од сите страни се редат во коментарите на социјалните мрежи.
Честитки и од нашиот тим до среќниот пар!
(Н.Ј.)