Во Ханиоти постои бар кој нуди најевтина храна и пијалоци за туристите – погледнете ги цените

|

Бар во Ханиоти, на источниот брег на Касандра нуди ниски цени на пијалоци и храна за туристите, многу поевтини во споредба од другите туристички дестинации во Грција.

„Кој е во Ханиоти мора да знае за овој бар. Може да се плива на плажа околу хотелот, комплет лежалки 10 или 12 евра. И тука можете да јадете и пиете на убав, квалитетен и достапен начин. Да, се ​​носат на плажа“, вели еден член на групата „Грција инфо“.

Омиленото и познато фрапе за туристите во Грција, чини европ ипол, што е иста цената и на шолја еспресо и домашно кафе, леден чај и газиран пијалок. Капучиното е нешто поскапо, бидејќи чини 1,70 евра, а со цена од две евра најскапи се ладното еспресо и ладното капучино.

Најскапите пијалоци на менито се ладно чоколадо и свежо цеден сок од портокал, кои чинат 2,50 евра. Пиво од 330 милилитри чини 1,80 евра, а пиво поголемо од половина литар 2,5 евра. За шише вода се бара половина евро.

Дури и храната не отстапува многу од овие цени. Така, сендвич чини 2,50 евра, парче пица и крофна 1,7 евра, а хот-дог 1,5 евра.