Марјана Станојковска каква што досега не сте ја виделе – ФОТО

|

Впечатливата шминка и облеката ја направи Марјана да личи како реплика на Барби од 60-тите, а на нејзиниот Инстаграм профил сликите кои ги објави во кратките приказни, личеа како за насловна страница од некое познато светско модно списание.

Филмот „Barbie“ на режисерката Грета Гервинг наскоро ќе се прикажува во кината, а покрај Марго Роби како Барби, Рајан Гослинг го глуми Кен, со бланширана бела коса.


Филмот е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје од 20 јули, а по тој повод се инспирираше и Марјана која одлучи да ги сподели фотографиите на кои го покажа нејзиниот розов стил кој потсетува на оригиналната Барби.