Се испитува дали пожарот во битолскиот затвор е подметнат

|

Дали пожарот кој избувна вчера вечер во една од ќелиите во притворското одделение во битолскиот затвор бил подметнат засега нема докази. Денеска се врши увид во опожарената ќелија и се санираат штетите а со првични официјални информации Управата за извршување на санкции ќе излезе утре.

Она што е познато дека пожарот избувнал околу 19.20 часот, осумнаесетте притвореници веднаш биле извадени од ќелиите бидејќи во одделението има затворен вентилациски ситем и чадот почнал да се шири. Тие биле спроведени кон шеталиштето а неколкумина затворски чувари со противпожарни апарите се обиделе да го гасат пожарот.

Од Управата за извршување на санкции информираат дека во притворското одделение има затворен систем на вентилација и поради чадот притворениците морале да бидат евакуирани а потоа и трансферирани во притворските одделенија во Охрид и Шутка.

Четиринаесет притвореници се преместени во Скопје а четворица во Охрид со наредба од надлежен Суд. Штом се содзадат услови ќе бидат вратени во битолскиот затвор. Засега не можам да потврдам дали пожарот е подметнат, во тек е истрага.
Шестмина битолски пожарникари со две возила, кои набрзо пристигнале во затворот, го изгаснале пожарот.

Четворицата затворски службеници кои се обиделе да го гаснат пожарот со противпожарни апарати побарале лекарска помош поради вдишување на чад и нивната здравствена состојба е стабилна.