Тори Спелинг, која на пошироката публика ѝ е најпозната како Дона од хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, одлучила целосно да се исели од семејната куќа заедно со своите 5 деца, а додека да се снајде, ќе престојува во гаражата која ѝ ја отстапиле нејзините пријатели.
Иако ниту една од страните не го потврдила, ниту негирала разводот, Мекдермот на својот „Инстаграм“ профил ја напишал објавата: „Со голема тага и тешко срце, по 18 години поминати заедно и 5 неверојатни деца, Тори и јас одлучивме да тргнеме секој по различен пат и да започнеме ново, сопствено патување. Ќе продолжиме да работиме заедно како родители полни со љубов и ќе ги учиме и водиме нашите деца низ овој тежок период. Ве молиме сите да ја почитувате нашата приватност, додека го одвојуваме ова време за да го опкружиме нашето семејство со љубов. Ви благодариме на сите за поддршката и љубезноста“, која подоцна ја избришал.
Медиумите до неодамна пишувале дека причина за сето тоа се неговите многубројни неверства, а Тори со години на секој начин се трудела неверниот сопруг да го задржи покрај себе. Таа отишла толку далеку, што во желбата да остане вечно млада и привлечна, подлегнала на низа пластични операции, поради кои повеќе не личи на себеси.
Иако и претходно се подмладувала, нејзините обожаватели се согласиле дека претерала и дека од нејзината природна убавина не останало ништо. Од почетокот на кариерата, актерката била мета на критики поради пластичните операции, од кои таа ги признала само корекцијата на носот и зголемувањето на градите. „Ги направив носот и градите, и тоа е тоа. Постојано читам коментари во кои зборуваат како сум направила многу повеќе. Луѓето велат дека сум „легнала под нож“ со само 17 години. Татко ми постојано велеше: „Не грижи се, сите тие приказни ќе бидат заборавени до утре“, но тие приказни ме следат во текот на целата моја кариера“, се пожалила актерката во една прилика.
Актерката своевремено признала дека неодамна на своите деца им пуштила реприза од серијата „Беверли Хилс“ и дека тие не ја препознале.
Исто така, Тори била во центарот на вниманието во последните години – поради банкрот. Имено, Тори се соочила со големи финансиски тешкотии. Ќерката на покојниот продуцент, Арон Спелинг, иако пораснала богато и добила наследство по смртта на нејзиниот татко, таа непромислено ги трошела парите, што довело до потполн колапс.
Со својот сопруг Дин Мекдормер, со кој имала афера додека сè уште била во брак со првиот сопруг, западнала во огромни долгови, кои траат од почетокот на нивниот брак.
Да потсетиме, Тори и Дин двајцата биле во брак кога се запознале на сетот на филм во 2005 година. Тоа не ги спречило да започнат врска и набрзо да се разведат, како би ја официјализирале својата љубов. Парот има 5 деца, а во последните години имале турбулентен однос, наводно поради неговите неверства – кои актерката постојано ги простувала.
Исто така, на „Инстаграм“ често претерано ги уредувала своите фотографии пред да ги објави, поради што била мета на критики.