Некои хороскопски знаци можат да имаат особини кои доведуваат до нестабилност во брачните односи и со тоа се зголемуваат шансите за развод.
Статистички гледано, мажите родени во знакот Близнаци најчесто ги потпишуваат документите за развод.
Близнаците се сметаат за променлив и динамичен знак. Тие по природа се љубопитни, енергични и постојано бараат нови информации и искуства. Оваа постојана потреба за промена може да доведе до нестабилност во нивните бракови. Тие тешко се обврзуваат, а оваа особина може да создаде проблеми во долготрајните врски, како што е бракот. Освен тоа, нивната склоност да комуницираат и да ги изразат своите мисли, може да биде меч со две острици – иако поттикнува отворени дискусии, може да доведе и до конфликт.
Од друга страна, пак, важно е да се спомене како овие карактеристики не значат по дифолт дека секој маж роден во овој знак ќе има неуспешен брак. Тука се и многу други фактори, како што е емоционалната зрелост, комуникациските вештини и желбата и подготвеноста да се работи на односот, а тие играат клучна улога во долговечноста на бракот.
Секогаш е најдобро во секој однос да пристапите со отворен ум и срце, без разлика на хороскопскиот знак на вашиот партнер.