Вчера попладне, во 16.10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, помеѓу Заливот на коските и село Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б. Р. од Трпејца, и патничко возило „шкода октавија“, со германски национални ознаки, управувано од 33-годишниот В. Т. од Република Германија, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото ‘шкода октавија’, Ј. Л. (66) од Република Србија, а телесни повреди добиле возачот Б. Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и во Општата болница во Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.