Две лица повредени во сообраќајка – Веднаш пренесени во болница

|

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Илинденска“ во Радовиш.

Во несреќата учествувале автомобил „опел мерива“, управуван од Р.А.(38) од Радовиш и мотоцикл, управуван од Ј.Ч.(49) од Радовиш, двете со радовишки регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Д.Ч., констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипи на СВР Струмица и ОВР Радовиш