Внимавајте каде се движите: Опасност за граѓаните на мостот „Око“ (Фото)

|

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кажа дека се појавиле пукнатини на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје.

– Мостот е стабилен, но стаклата се напукнати. Откако го констатиравме тоа, го известивме Град Скопје, а претставници од таму тврдат дека стаклата се безбедни. Ни рекоа дека работат на нивна замена. Не е лошо граѓаните да не газат по пукнатините, вели Ангелов.