Тешко повреден скопјанец, со товарно возило излетал од пат

|

Вчера во 08 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во село Орашац, кумановско, товарно возило „даф“ со прилколка со кумановски регистарски, управувано од 34-годишниот Г.К. од Скопје, излетало надвор од патот, извести МВР.

– Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.