Скопјанец фалсификувал возачка дозвола и ја користел како документ во Италија

|

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од А и Б категорија со негови лични податоци и таквата возачка дозвола во текот на 2022 година ја приложил како вистинита заради замена кај надлежните институции на Италија.