Ламбе Алабаковски како сведок – во Битола почна судењето против Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“

|

Со сослушување на двајца сведоци на обвинителството, во Основниот суд во Битола започна судењето против Љупчо Георгиевски, поранешниот претседател на згаснатиот бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој се товари за предизвикување омраза врз национална основа и за ширење на ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно за објава на социјалните мрежи на контроверзните ставови на Ванчо Михајлов.

На првото рочиште сведочеше Стефан Бошков, претседаталот на Сојузот на борци од Битола, по поднесена претставка за дискриминација по основ на национална припадност со формирањето на здружение кое го носи името на докажан соработник на фашистите..

Како сведок е повикан и пејачот Ламбе Алабаковски, кој го предизвика пожарот на влезот од културниот клуб „Ванчо Михајлов“, но тој ќе сведочи на следното рочиште закажано за октомври.