Добил казна,а останал и без возачка дозвола – Српско семејство имало непријатно искуство во Калитеа

|

Во групата „Во живо од Грција“ администраторот сподели објава за проблемот во кој се нашло српско семејство во Калитеа, поради сообраќаен прекршок кој во Грција најстрого се казнува. Поради поминување на црвено светло семејството добило казна од 700 евра, а потоа останало без регистарски таблички, сообраќајна и возачка дозвола.

„Денеска во Калитеа поминавме на црвено светло и добивме казна од 700 евра за да платиме. Кога отидовме во станица да пријавиме, ни ги извадија и регистарските таблички од колата. Откако ја плативме казната и испративме барање за враќање на таблите со доказ за уплата како и потврда за резервација дека денес е последен ден од аранжманот, ни рекоа да дојдеме утре во 10 и меѓу редови слободно да тргнеме за Србија, бидејќи нашето барање ќе биде одбиено. Очигледно со таа розова хартија напишан со грчка азбука можеме да се вратиме со истиот автомобил, а ни ги одзедоа и сообраќајната и возачката дозвола. Дали имате искуство со ова? Дали навистина можеме да патуваме без хартии и таблички? Навистина се измалтретиравме, ни треба помош, со децата сме“, се наведува во објавата на која многумина ги упатиле во српскиот конзулат во Грција.