Актерката Фран Дрешер се прославила пред 30 години, благодарение на серијата „Nanny“, а сите и денес многу добро ја паметат по нејзината „тапирана“ коса, црните локни и немирниот дух. Иако денес уживала во заслужената пензија и колку што може повеќе се држи подалеку од медиумите, сепак нејзината животна приказна сè уште фасцинира многумина.
Кариерата ја започнала како мисица претставувајќи ја државата Њујорк во САД, а многу рано го запознала и својот иден сопруг Питер, за кого се омажила во 1978 година, кога имала само 21 година. Но, во 1996 година, нивната љубов завршила, а разводот бил финализиран во 1999 година.
Питер Марк Џејкобсон изјавил дека по долгиот брак сфатил дека е хомосексуалец, а и покрај брачниот бродолом, парот останал во пријателски односи и долго време соработувале на деловен план. „Нашата љубов е единствена, ретка и бескрајна. Освен кога е иритантен“, изјавила Фран во една прилика за поранешниот сопруг. Откако тој и јавно се изјаснил како геј, Фран активно се вклучила во групите кои ги промовирале правата на ЛГБТК заедницата.
Додека биле во брак, заедно преживеале трауматично искуство. Имено, во јануари 1985 година, двајца разбојници упаднале во нивниот дом во Лос Анџелес. Додека едниот го ограбувал станот, другиот ги силувал Фран и нејзината пријателка – држејќи им пиштол вперен во главите. Сопругот на Фран бил претепан, врзан и принуден да биде сведок на целата сцена. По овој трауматичен настан, на актерката и биле потребни години да закрепне, а уште повеќе да зборува за тоа пред јавноста.
За силувањето првпат проговорила во 1996 година, кога ѝ бил дијагностициран рак на матката. Сите детали ги опишала во својата автобиографија „Enter Whining“. „Долго време не можев да се справам со болката и траумата од силувањето. На крајот завршив со карцином. Телото одлучи да се распадне и да создаде болест. Тоа беше големо искуство за мене“, изјавила актерката.
Таа смета дека токму тој настан бил причината за немилосрдната болест. Меѓутоа, на оваа актерка ѝ се случил уште еден немила ситуација, која предизвикал дополнителен стрес. Една година пред да ѝ биде дијагностициран рак, таа се развела од сопругот, бидејќи тој сфатил дека е хомосексуалец. „Не сум среќна што имав рак и никому не го посакувам, но после тоа станав подобра личност. Понекогаш најдобрите подароци доаѓаат во најгрдото пакување“, изјавила Фран.
Сепак, ниту тоа не успеало да ја скрши. Во 2007 година, Фран основала хуманитарна организација за борба против ракот и се активирала во јавноста. Храбрата Фран која во септември ќе го прослави 66-от роденден, во 2014 година се омажила за 7 години помладиот американски научник и компјутерски експерт, Шиаву Ајадураи.