Хаос на ГП „Богородица“, за влез во Грција се чека и до 2 часа

|

Големиот број граѓани кои се упатија на море во Грција се соочуваат со стариот проблем – На граничниот премин Богородица се чека и до 2 часа за влез во јужниот сосед.

Според последните информации, огромни колони има на граничниот премин и шесте ленти за возила не се дозволни за да се забрза протокот на сообраќај, јавува Макфакс.

Автомобилите се во застој до првата бензинска пумпа.