Пелетите стануваат изгор скапи – граѓаните се растрчаа да купат по стара цена

|

Најавата за зголемување на ДДВ-то од 5 на 18 отсто почна да им предизвикува главоболки на граѓаните кои се греат на пелети преку зимата, бидејќи новата цена на овој вид огрев, според пресметките, ќе биде повисока за најмалку 100 евра во однос на ланската и прекланската грејна сезона.

Ако едно просечно македонско семејство годишно троши 3 тони пелети за греење, кои би чинеле вкупно околу 60.000 денари, отсега истото тоа семејство за истата количина огрев ќе треба да издвои околу 66.000 денари.

Причината е во скокот на данокот, а ставот на министерот за финансии Фатмир Бесими е дека мора да се натераат граѓаните да почнат да инвестираат во обновливи извори на енергија кои не ја загадуваат животната средина.

Целиот текст прочитајте го ТУКА https://denar.mk/289326/ekonomija/peletite-stanuvaat-izgor-skapi-gragjanite-se-rastrcaa-da-kupat-po-stara-cena