Две лица повредени во сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје – повредените пренесени во болница

|

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила минатата ноќ на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Според информациите, несреќата се случила меѓу автомобил „рено меган“ управувано Н.A.(44) од Скопје и мотоцикл управуван од О.Ј.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот Д.Л.(30) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увид екипа од СВР Скопје.

Рано изутрината на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнените јазици да ги зафатат останатите паркирани возила.

Во тек е увид на местото каде што е опожарено возилото. Истрагата треба да открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот на СВР-Штип, Гидиоски.