Пронајдена младата скопјанка од Волково, за која семејството објави апел за помош

|

Пронајдена е младата 32-годишна скопјанка која во бремена состојба и со нарушено здравје утрово излегла од нејзниот дом во скопско Волково и од тогаш нејзините блиски изгубиле секаков траг за неа.

Нејзниот сопруг во разговор за „Макфакс“ потврди дека таа е најдена и се наоѓа на Клиниката за гинекологија. Тој рече дека младата жена има растројство.

Инаку оригиналната објава е избришана од фејсбук.

Семејството претходно денеска на социјалните мрежи бараше помош, доколку некој ја види да ја задржи и дека жената како што беше напишано во објавата, е со нарушено ментално здравје и во бремена состојба.

Информацијата за „Макфакс“ ја потврди и полицијата.

„Денеска попладнево Т.К. во СВР Скопје пријавил дека од својот дом во с.Волково се оддалечила неговата сопруга И.К.(32). Се презрмаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се истакнува во информацијата.