|
Втор пожар избуван попладнево, овој пат кај парк-шумата „Гази Баба“. Таму интервенираат две противпожарни возила. Запалена е сува трева, а опожарена е поголема површина.
Според информациите од Противпожарната бригада, во близина на пожарот има трафостаница на „Електродистрибуција“, но опасност нема.
Ова е втор пожар во еден ден. Првиот избувна на кејот на реката Варадар, зад спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тој е ставен под контрола, а и натаму интервенираат противпожарните бригади.