Се скарале, а потоа го прегазил – приведен 25 годипник од Виничани

|

Полициски службеници од СВР Велес попладнево го лишиле од слобода 25-годишниот С.К. од село Виничани, општина Градско.

Тој во селото со патничко возило „фиат панда“ со велешки регистарски ознаки удрил во 43-годишниот А.Ц. од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот, информира за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.

Настанот се случил денеска меѓу 15 и 16 часот. Полицијата кратко време по настанот го привела 25-годишниот С.К.

– По целосно документирање на случајот против С.К. ќе следи соодветна пријава, најави Самарџиев.