Во вторникот, на 18 јули, се отвори првиот Џин Бар во земјава, а истиот е лоциран во срцето на главниот град, односно во старата скопска чаршија.
Овој бар од идеја до реализација е на нашата прва Мис Македонија, некогашната манекенка, а моментално водителка на утринска програма, прекрасната Вера Мештеровиќ.
Прекрасната атмосфера и акустичната музика, одлично се совпаѓа во амбиентот на старата скопска чаршија, а ентериерот на самиот бар со сигурност нема да ве разочара.
Секако дел од нејзините колешки од утринската програма, беа првите кои дојдоа да ја поддржат и да и честитаат за новиот превземен чекор во животот и кариерата.
За да го оправда своето име, овој бар секако поседува голем избор на најразличен џин, кој воедно е и најздравиот пијалок на денешницата. Сепак, и љубителите на најрановидни пијалоци можат да уживаст затоа што тука има се, а припадниците на посилниот пол имаат шанса и да ја поздрават прекрасната Вера Мештеровиќ.
Доколку се уште немате план, задолжително посетете го ова ново хит место во градот уште денес!
(Наталија Јосифоска)