Не само на Табановце и Богородица – и на овој граничен премин утрово се чека 1 час за влез во земјава

|

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија.

Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“ каде што за влез во државава утрово се чека околу еден час.

-На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.