Народната мудрост вели да не судиме за книгите по кориците, а истото важи и за луѓето.
Но, колку и да се трудите – секогаш најважен е првиот впечаток. Меѓутоа, многу често можеме да погрешиме во процената, а оние со „тврд оклоп“ секогаш имаат најмеко срце.
Тоа ни го докажуваат хороскопските знаци кои на прв поглед изгледаат опасно и застрашувачки, но се многу пријатни и често нежни во душата.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својот интензитет и страстен темперамент. Изгледаат многу остро и студено и во прва рака може да ни се причини дека станува збор за опасни играчи. Меѓутоа, Шкорпиите всушност се многу чувствителни и емотивни и многу се грижат за своите блиски. Секогаш се подготвени на било кој да му дадат поддршка доколку му е потребна.
Овен
Овните се темпераментни, моќни и агресивни и на многумина им делуваат застрашувачки. Меѓутоа, зад таа огнена надворешност тие се многу мили. Пред сѐ страсни, но и многу великодушни и заштитнички настроени кон оние кои ги сакаат.
Јарец
Кај Јарците доминира дисциплината, тврдоглавоста, одлучноста и реалистичниот поглед на светот. Нивната надворешност може да остави впечаток дека се ладнокрвни, но многу се грижливи и нежни и имаат големо срце за оние кои ги сакаат и исто така се расположени за да ви бидат рамо за плачење во најтажните моменти.
Лав
Лавовите се познати по својата кралска природа, а нивното присуство може да предизвика страв во другите луѓе. Меѓутоа, иако делуваат така тие се многу великодушни и родени се да бидат заштитници. Нивното големо срце ги прави многу меки во некои ситуации кога треба да покажат „заби“.