Дали ноќта среда кон четврток со големото освежување на времето, завршуваме со екстремно високите температури за ова лето?!

|

Барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, со големото освежување и падот на температурите за десет степени кое се очекува кај нас во текот на ноќта среда кон четврток, завршуваат и овие екстремно високи температури на воздухот за ова лето.

Температурите на воздухот кој се очекуваат од четврток ќе бидат пониски од сегашните дури за десет степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 15 степени, понекаде дури и под 10 степени, и тие ќе бидат под просекот за овој период од годината. Сево ова ќе биде проследено и со ветер од западен, а потоа и од северен правец.

Ветерот повремено ќе биде засилен на интензитет, повремено и силен. Сепак со овој продор на свеж воздух од север нема да има врнежи во Македонија, но во регионот му се закануваат нови Суперќелиски облаци и големо невреме. Во регионот ќе биде уште посвежо од Македонија и од среда – четврток максималните температури ќе бидат и под 20 степени.

Ние и понатаму континуирано ќе ја следиме состојбата и доколку дојде до некои промени, на граѓаните навремено ќе ги информираме, по потреба и предупредиме.

Инаку да напоменеме дека вчерашното невреме кое ја зафати Македонија, и истото беше доста силно и направи штети низ државава, навремено беше предвидено и според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”.