Овчеполието жедно за вода. Земјоделците од девет села од овој регион веќе десеттина дена немаат вода за наводнување на нивите со пченка, луцерка, лозја и градински култури. Рано утринава се заканија и со блокада на регионалниот пат Штип-Велес доколку до утре не им пристигне вода за наводнување. Вода во езерото Калиманци има, а нивите со земјоделски култури им се суви.
Земјоделците инвестирале и по илјадници евра за одгледување на земјоделските култури. Тврдат дека годинава родот ќе им биде преполовен. Тони Павловски има 15 хектари под детелена.
Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов кој од пред неколку дена е одговорен и за Овчеполскиот регион тврди дека водата за нивите ќе пристигне утре, проблемот бил дефектот поради невремето, кој рано утринава е отстранет. Но, овој проблем се провлекува со години.
Земјоделците од Овче Поле откако утринава се заканија со блокади на регионалниот пат Штип-Велесе, добија ветување дека вода ќе пристигне. Блокадите и протестите ги ставаат во мирување, а за утре протести пак најавуваа земјоделците од карбинското село Крупиште.