Артан Груби во меѓувреме се огласи во врска со случајот со опожареното Ауди за кој сите знаат дека е негово, ама во сопственост на негов пријател-сосед. За случајот тој тврди дека веројатно има политичка заднина, односно било политичка пресметка. Во телевизиско гостување Груби вели дека имало тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата , одредени медиуми кои тенденциозно известуваат. Исто се случувало и со неговите деца кои оделе во јавни училишта, а кои биле подложени на секојдневен притисок.
Груби вели дека истрагата ќе ја остави на полицијата. Се надева дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Груби вели дека откако го запалиле автомобилот за кој сметале дека е негова сопственост, повеќе не се движел сам по улици, бидејќи таа насилна вербална агресија станувала физичка агресија.