Надлежните власти информираат дека е локализиран пожарот којшто избувна покрај автопатот Тетово-Гостивар. Тој бил изгаснат во 17.30 часот.
Како што информиравме претходно, покрај автопатот гореше сува трева, а на местото на настанот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило. Пожарот започнал во 16.55 часот. На надлежните им биле потребни околу 35 минути, за да го локализираат истиот
По известување за пожар во Катланово, добиено во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112, пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“ веднаш излегле на терен, по што огнената стихија е локализирана.
-Регионалниот ЦУК Скопје координирале со првите известувања при што надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот. Попладне ЦУК, во Секторот за операции и координација, доби известување дека пожарот е локализиран, стои во соопштението од ЦУК.
Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ информира и дека горела нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнитено ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно, посочуваат од ЦУК