Се очекува снег во Алпскиот регион, по човечки живот опасно невреме доаѓа на Балканот – Многу ќе освежи и кај нас

|

Во текот на претстојната ноќ, поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Алскиот регион очекуваме дури и врнежи од снег, додека во исто време токму поради овој студен продор, и истиот кога ќе пристигне во многу загреаната и затоплената Атмосфера на Балканот, ќе дојде до ново суперќелиско невреме и тоа од ова најмногу стравуваат Словенија, Хрватска, северните и североисточните предели од Босна и Херцеговина, како и соседна Србија.

Од појави ќе има интензивни поројни врнежи на многу места, бурен ветер кој се очекува да направи и многу штети, силни и чести електрични празнења, како и појава на крупен град. Зрната на град дури можно е да бидат поголеми и од 5 цм. На граѓаните, а особено на нашите граѓани кои живеат во овие држави им препорачуваме во случај на појава на силно невреме, да не излегуваат надвор, исто така своите автомобили да ги заштитат од силниот град, односно да ги стават во своите гаражи, и да се избегнува ставање на автомобили под дрвја.

Температурите ширум регионот со ова ново застрашувачко невреме ќе опаднат дури и за 20 степени во споредба со сегашните.

Кај нас во Македонија пак се очекува да дува засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Утре доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон четврток ќе има услови за изолирана нестабилност, а во четврток ќе дува засилен северен ветер, температурите ќе опаднат дури за 10, понекаде и за повеќе од 10 степени, а во четврток во западните предели ќе има и појава на локален дожд, што значи дека за голема среќа големото невреме од регионот нема да стигне до Македонија, но многу ќе освежи.

НАПОМЕНА: Од четврток ќе имаме потпросечни температури на воздухот, односно тие ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. По се изгледа со овој студен бран, завршуваме со ваквите екстремно високи температури на воздухот за ова лето. Исто така од четврток во утринските часови температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!