Тргнаа првите коњаници на Илинденски марш

|

Илинденската коњаница од општина Босилово го започна празничниот марш. Осуммина јавачи денеска тргнаа од селото Радово кон славното Крушево каде треба да пристигнат за Илинден. Тие втора година по ред се дел од традиционалниот коњички марш кој се организира во чест на големиот национален празник. Годинава заедно со нив ќе патува и еден коњаник од општина Василево.

Коњаницата од Радово ќе патува една недела. Пред Илинден треба да стасаат во Бигорскиот манастир каде че се приклучат на останатите коњаници од другите делови на државата со цел заеднички да им оддадат почин на загинатите илинденци.

Утрово, пред заминување осуммината јавачи присуствуваа и на службата што се одржа во црквата Свети Пророк Илија во селото Радово, а пред тргнување добија благослов и од нивниот свештеник.