Банкомати во поголемиот број банки не работат, а и картички тешко поминуваат

|

На банкоматите на дел од банките не може да се подигнат пари, а проблеми има и со плаќање со картички, се жалат граѓаните. Според наши сознанија проблемот не е поврзан со нашиот телекомуникациски систем , па така, и во други земји има ваков проблем.

Од НЛБ банка велат дека се соочуваат со технички проблем.

– ATM мрежата на НЛБ Банка моментално се соочува со технички проблем и како резултат на ова, подигнувањето готовина од банкоматите на Банката е привремено оневозможено. Нашите тимови работат на решавање на проблемот. Доколку клиентите имаат итна потреба од подигнување на готовина од нивната трансакциска сметка, им препорачуваме да ја посетат најблиската експозитура на Банката. Подигнувањето на средствата ќе им биде овозможено без надоместок – изјавија за „Слободен печат“ од НЛБ банка.

Македонската банкарска асоцијација најави дека ќе излезе со соопштение за моменталниот проблем во банките.