Што ако мравките го нападнат вашиот дом? Од овие намирници бегаат како луди

|

Постојат природни начини со чија помош може да се ослободите од инвазијата на мравки во домот.

Сок од лимон

Наполнете сад со сок од лимон и со распрскувач испрскајте во близина на отвори како што се прагови, прозорски рамки и пукнатини во ѕидови.

Цимет

Може да биде во облик на етерично масло или во облик на прав, циметот е одлично средство бидејќи мравките не можат да го поднесат неговиот мирис.

Ловоров лист

Издробени листови ставени во газа можат да бидат одлично решение против мравки, а истовремено и мириса убаво.

Талог од кафе

Не ги убива мравките, но ги држи подалеку. Талогот од кафе е одлично средство против овие инсекти.

Оцет

Ефикасен е ако го распрскате на најважните места, во близина на гнездото, на прозорски рамки. Во кујна, секаде каде има премини. Брзо се суши и мирисот исчезнува, но не и за мравките.

Мед

Природна и евтина алтернатива е користење мед кој ги привлекува мравките и делува како мамка. Ставете во сад малку мед во близина на нивните пролази и мравките, привлечени, ќе влезат во садот и ќе останат заробени во него.