Август на Балканот и кај нас во Македонија со себе ни носи ново поголемо заладување, можни се нови временски непогоди, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
-Барем според моменталните анализи кој ние ги направивме, и тоа со помош на најпрецизните нумерички модели, август оваа година ќе ни донесе ново поголемо заладување на времето, но и нови временски непогоди. Повремено температурите ќе бидат значително под просекот за месец август, односно ќе биде доста свежо. Во Алпскиот регион повторно очекуваме нови поинтензивни врнежи од снег, а можно е дури снегот да се префрли повторно на северот од Балканот, особено во Словенија, и тоа на највисоките планини. Мора да напоменеме дека и покрај ова, ќе имаме и прекрасни денови со сонце и топло време, но екстремно високи температури барем според последно направените анализи не се очекуваат кај нас во текот на ова лето. Веќе некои од метеорлозите од регионот прогнозираат дека крајот на летото би можел да пристигне дури уште во август месец, односно наскоро. Исто така напоменуваме дека оваа анализа не е конечка, и тоа поради тоа што е подолгорочна, и промени во истата се можни понатаму, нагласува Попоски.