Се трага по 30-годишен маж, влегол да се капе, не излегол од езерото

|

Во Центарот за управување со кризи Куманово денеска било пријавено дека лице влегло во езерото кај браната Глажња, но потоа не излегло од водата.

Се работи за Ф.Р. маж на околу 30 години.

Во тек е потрага по него.