Гори галијата среде Скопје

|

Пожар изби во галијата кај „Холидеј ин“. Противпожарната бригада на Скопје е на терен. Огнот е локализиран, но гасењето се уште трае, а облаци црн чад се креваат во центарот на Скопје.

„Опожарена е внатрешноста на галијата. Имаше и чад и оган, сега огнот е локализиран. На терен се дванаесетмина пожарникари и три возила“, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.