Изгаснат пожарот на галијата „Среќа“ кај Холидеј Ин

|

Изгаснат пожарот кој денеска изби на една од галиите во реката Вардар.

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во изјава за Телма вели дека огнот избил во внатрешноста, а потоа се проширил кон предниот дел од галијата.

На терен излегле три противпожарни возила и во моментов тој е изгаснат.

Станува збор за галијата „Среќа“ која е лоцирана во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека во моментов пожарникари со возила одат кон кејот за да интервенираат.

Станува збор за истата галија која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива.

Бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.