Проверете ги сметките – почна исплатата на „Мој ДДВ“

|

Започна исплатата на Мој ДДВ за второто тромесечје од годинава. Многу граѓани беа изненадени од приливот на средства на своите сметки, со оглед дека вообичаено со исплатата се почнуваше некаде од втората недела во месецот. Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на граѓаните секако зависи од тоа колку сметки успеале да соберат и скенираат, а максималниот износ е 2.100 денари.

Мерката Мој ДДВ започна пред 4 години и во овој период, како што неодамна информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кај граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра како поврат на дел од ДДВ изразено во скенираните фискални сметки.