|
На 31.07.2023 во 16.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрије Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „форд транзит“ сопственост на МВР и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(25) од Скопје.
-По незгодата, Д.Н. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.