Гужва на граничните премини: Еве каде најмногу се чека

|

На граничниот премин „Богородица“ за излез и на преминот „Табановце“ за влез во државава има зголемена фреквенција, времето на чекање утрово е околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.