Полицијата трага по 20-годишна девојка, од 3 часот утрово блиските не може да ја лоцираат

|

Утрово 07.20 часот во СВР Тетово, А.И.(57) од тетовско Рогле, кој е на времена работа во Република Хрватска, пријавил дека околу 03.20 часот неговата ќерка А.И.(20) од Хрватска, со место на живеење во Рогле, која била заедно со нејзини братучеди во Тетово, се оддалечила од нив и не можел да стапи во контакт со неа.

Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатата.