Пожар се разгоре и во Демир Хисарско

|

Пожар избувна во Демир Хисарско, во близина на селото Сопотница.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, гори сува трева но постои опасност пожарот да се прошири кон блиската зимзелена шума.

Огнот брзо по избувнувањето бил изгаснат, но повторно се разгорел и се пристапило кон негово гаснење.

Екипа на територијалната противпожарна единица на Демир Хисар превентивно останува на лице место.