|
Вчера (03 август) во 18.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода М.З.(86) од гостиварско Долна Бањица. Во 19.45 часот во ОВР Гостивар тој бил пријавен од 37-годишната Г.И. од Гостивар дека околу 17.45 часот во зградата во која живеат физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка и ѝ се заканил со остар предмет. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.