АХВ проверува дали на македонскиот пазар го има српскиот канцероген чипс

|

Откриен е канцероген чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија. Станува збор за чипс кој бил откриен на границата со Хрватска. Алармирале надлежните на хрватската граница со пријава до Европскиот систем за рано предупредување. По што производот бил уништен без да влезе на хрватскиот пазар. Од српското Министерство за земјоделство излегле на проверка во погоните за производство на чипсот. Во моментов во тек се проверки дали на македонскиот пазар има од забранетиот чипс.

Од агенцијата за храна и ветеринарство велат дека во моментот се проверува дали спорниот чипс го има на македонскиот пазар и доколку се утврди дека го има ќе биде повлечен.

„ВО СИСТЕМОТ ЗА БРЗО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА НИВО НА ЕУ СЀ УШТЕ НЕ Е НОТИРАНО ДЕКА ОВОЈ ПРОИЗВОД Е ЗАБРАНЕТ И ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПАЗАРИТЕ, А ДАЛИ Е КАЈ НАС ВЛЕЗЕН ИЛИ НЕ, ВЕЌЕ ПРОВЕРУВАМЕ“, ВЕЛАТ ОД АХВ.

Канцерогената материја-акриламид ја нема во свежата храна. Таа се формира кога храната што содржи скроб е изложена на висока топлина. Најчесто ја има во помфрит, леб, чипс, бисквити, крекери и кафе. Канцерогената супстанца предизвикува мутации и го оштетува ДНК. Неговото високо присуство во храната може да го зголеми ризикот од рак на сите возрасти.