Овен (21.03 – 20.04)
Не е добро што постојано се жртвувате и го трошите слободното време, а другите воопшто не покажуваат интерес за постигнување на успехот. Затоа, бидете реални, зашто ретко кој ќе ви ги почитува ангажманите и ќе ви даде поддршка за плановите што имате намера да ги спроведете.
Бик (21.04 – 21.05)
Добивајте вести на Viber
Бидете оптимистички расположени, активирајте ја силата за ставање крај на околностите што ве оптоваруваат, односно елиминирајте ги ограничувачките фактори во животот. Завртете се малку и кон љубовта, односно партнерот и подарете му го вашето внимание.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Завршете ја зададената задача до крај и чекајте признание. Викендов е можно да ви се јави една личност од минатото. Послушајте ја, можеби навистина жали за минатите времиња.
Рак (22.06 – 22.07)
Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.
Лав (23.07 – 22.08)
Ако играте игри на среќа, ве очекува добивка. Викендов ќе го поминете во пријатно друштво на една значајна личност која ќе ви биде од голема помош во иднина. Партнерот моментално не ви прави проблеми, но тоа не значи дека треба да го запоставувате.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе успеете да ја надминете меланхолијата и недоразбирањата со другите. На професионален план, следете ја интуицијата и подгответе се за борба и неизвесности, зашто постојат лица на кои ќе им пречи вашиот успех. Овој викенд обидете се да се релаксирате повеќе од вообичаено.
Вага (23.09 – 22.10)
Чувството на надмоќ ќе доминира и ќе ви го разубави овој период. На работното место се случуваат некои новини, но вие не сакате да се мешате. Очекувате да се смири ситуацијата и некој да ви објасни што е најдобро за вас. Слободните ќе се чувствуваат осамено.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Подготвеноста за стабилизирање на односите со блиските треба да ви претставува главен приоритет, затоа неопходно е да ја смирите енергијата и да се приспособите во критичните мигови. Променете го размислувањето, многу грешите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Затоа, овој викенд почастете ги со вкусна вечера.
Јарец (22.12 – 20.01)
Викендов ви претстои разговор со една личност на висока позиција. Ветувањето што ќе го добиете нема да може да се реализира веднаш, но очекувајте позитивен резултат. Обидете се да не ги споделувате своите размислувања со партнерот. Тој е деструктивен и ве кочи во напредокот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Неопходно е да ги утврдите приоритетите и да покажете дека надворешните ограничувања и сопствените конзервативни предрасуди, нема да ве оддалечат од целта. Не очекувајте чуда доколку не се залагате максимално. Уживајте во прегратките на партнерот.
Риби (20.02 – 20.03)
Викендов ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.