Пожар во близина на Свети Николе, постои опасност да зафати викендици и куќи

|

Пред околу половина час се појави пожар на сува трева и ниска вегетација во Кривчева река, во непосредна близина на Свети Николе.

Поради опасност пожарот да зафати неколку викендици и блиските куќи во овој момент полетуваат два хеликоптери на МВР да се вклучат во гаснењето на огнот.